(ВИДЕО) Се појави видео снимка од драмата во демихисарско каде беа нападнати неколку полоциски службеници

0
529

Вистинска драма се случуваше вчера попладне во демихисарско, каде беа нападнати неколку полоциски службеници од кои еден беше прободен, а двајца беа прегазени.

Вчера во 11.20 часот во с.Доленци, демирхисарско, полициски службеници од Полициската станица Ресен го лишиле од слобода И.Ѓ.(41) од Росоман. Околу 08.00 часот на патот Битола-Ресен, со возилото „пежо“, кое го управувал, не застанал на знак за запирање од полициски службеници и притоа со возилото удрил двајца од нив. Набргу откога бил запрен, со остар предмет повредил полициски службеник кој извршувал службени дејствија, соопштија од МВР.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Целиот инцидент беше снимен од случајните минувачи, кои беа во паника зошто беше употребено и огнено оружје:

https://twitter.com/egodollaric/status/1496112367146524680?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1496112367146524680%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Frepublika.mk%2Fvesti%2Fcrna-hronika%2Fvrati-se-brat-vrati-se-filip-pukaat-video-od-teshkiot-incident-na-patot-bitola-resen%2F