Ковачевски да излезе и да го покаже документот колку пратеници од СДС не му се потпишале дека ќе гласаат уставни измени.
Ковачевски треба да каже дали откако ВМРО-ДПМНЕ обелодени за пратеници од СДС кои не се согласуваат со политиките за уставни измени, тој ги свикал на групна координација, при што побарал да потпишаат и документ дека ќе безусловно ќе поддржат уставни измени, до што не дошло затоа што споменатите пратеници не се согласиле, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение на истото од партијата додаваат:
Залудно е префрлањето на топката во туѓ двор, кога Ковачевски не може да си го среди својот. 3 пратеници од 1 и 2 ИЕ му кажале дека нема да поддржат Уставни измени, а 6 пратеници од внатрешноста констатирале дека гласањето на уставните измени е најлошата работа која може да ја направат.
Ковачевски знае дека ниту неговите пратеници нема да поддржат уставни измени и затоа е нервозен.
Иста е состојбата и во ДУИ, каде еден пратеник барал пари за да гласа.
И СДС и ДУИ движат кон ќорсокак и затоа нервозата од ден во ден се повеќе расте.
извор: ВМРО ДПМНЕ