ФБ статус на политичката партија демократи. Објавата ја пренесуваме во целост:
Браво докторе Омер Џемаили!
Докторот Омер Џемаили од Тетово е првиот Албанец во светот кој изврши трансплантација на срце.
Неодамна беше назначен за директор на Клиниката за кардиохирургија во Цирих. Пред малку беше поканет на предавање во близина на „Универзитет Кирил и Метод“ во Скопје.
Отвореното предавање го започна со оваа реченица: „Мило ми е што имам можност да одржам предавање на универзитетот каде што бев одбиен да работам од политички причини“.
Сите во салата од срам ги наведнаа главите пред медиумите.
„Порано работев како келнер за да ги поддржам студиите и им сугерирам на присутните во собата да бидат љубезни со сите, бидејќи еден млад келнер тинејџер еден ден може да ви го оперира срцето“, рече доктор Џемаил.
Извор: демократи