Јанушев:Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја превземе власта и за многу бргу време граѓаните ќе осетат подобри сегменти во економијата, животниот стандард , инвестициите

Игор Јанушев, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ зборуваше за програмата со која ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе на изборите и ќе даде една насока на граѓаните што планира ВМРО-ДПМНЕ да работи.

-Јас искрено верувам и искрено се надевам дека и со програмата со која што ќе излеземе на изборите ќе има еден добар сегмент кој што ќе даде насока на граѓаните што планираме да правиме. Но многу побитно е дека по формирање на новата влада дека буквално од првиот ден ќе мора и те како да се засукаат ракавите и сите овие работи кои што ги гледаме како едноставно не можеме да се помириме и да живееме со тоа бидејќи едноставно не се живее. Каде и да отидеш едноствано треба да се јавиш на некој, за било која работа да треба да ја завршиш мораш да побараш некој, значи едноставно мислам дека сите во државата сакаат да можат да одат да си извадат извод, да си платат данок, било што без да треба да му се јават на некој, односно да му биде достапно онака како што треба да биде, рече Јанушев.

Јанушев во текот на своеот гостување рече дека наредната 2024 година ја гледа како година на рестарт за многу работи во државата.

-Јас ја гледам 2024 година како година за рестарт за многу работи. Добро е што се вразумија или може ги вразумија да одиме на еден изборен циклус, добро е што конечно по сите циркузи во јавноста се договори датумот за избори. Годината очекувам да почне помалку или повеќе бурно, нели ќе поминат овие празници и ќе дојдеме на некои 10 дена пред избор на техничка влада, само што ќе пројде изборот на техничка влада кон крајот на февруари ќе треба да се распушти Собранието и де факто ќе влеземе во кампања, со оглед на тоа дека почетокот на април и  официјално ќе започнат кампањите. Сигурно дека и во текот на март и те како ќе се тера тој предизборен период, рече Јанушев.

Тој на крај заклучи дека јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја превземе власта и дека за многу брзо време ќе се осетат првите сегменти на подобро во делот на економијата, животнито стандард, инвестициите и така натаму.

-Ќе дојдат изборите, ќе завршат, не мора да се прават анкети и да се гледаат анкетите, се знае дека ќе има промени и ќе дојдат тие промени и се надевам дека нема да се изгуби многу време после 8 мај и дека за многу скоро ќе се формира и нова влада и на таа нова влада ќе и остане еден добар период од 6 месеци до крајот на годината, за да можеме да седнеме пак при крајот на следната година и да констатираме што во 2024 година се случило, а се надевам дека ќе биде така. Се надевам ќе има неколку работи кои што ќе кажеме еве овие работи се за поздрав и дека треба да се продолжи така.Сигурен дека првите сегменти во кои ќе може да се осети ќе биде делот на економијата, инвестициите, животниот стандард, порача тој.

извор: ВМРО ДПМНЕ