Левица остро jа осудува Kлиниката за дигестивна хирургија којашто во соработка со КАРИЛ и МВР го прикриваат случајот со пациентот кој после пад од болничката тераса на Клиниката за Дигестивна хирургија починал на КАРИЛ.
И понатаму нема никакво образложение под кои околности животот го загуби 71 годишниот жител на Кавадарци. Оттука, се раѓа сомнеж за период во кој надлежните се договораат за одговорноста околу овој немил настан.
Министерот за здравство Беким Сали итно да се произнесе за овој случај и да не дозволи креирање на лажно сценарио со кое ќе се покрие вистинска одговорност. Здравствениот систем и неговите челници непрестајно создаваат недоверба кај граѓаните, со тоа што директните последици од немарноста и коруптивноста се бројат во загубени животи, се вели во објавата на ФБ од Левица.
Во истата од партијата додаваат:
Доколку министерот се одлучи на молк, тоа значи соучество во прикривањето на случајот и затоа итно треба да даде оставка!
Со ова уште еднаш се потврдува неспособноста на управителите со јавните здравствени установи, особено кога е во прашање здравјето и животот на граѓанинот на Република Македонија.
Јавноста очекува и МВР да излезе со соопштение како пациентот кој имал многу слаб вид се нашол на балконот и дали бил оставен без грижа и нега додека бил во собата?! Во овој случај бараме итно да биде вклучено и судско-медицинско вештачење.
Извор: Левица