Над 2 милиони евра за косење на трева и кастрење на дрва на патен појас се новиот криминал на власта од кои излегуваат на површина скандалозните зделки на кои се темели оваа власт на ДУИ и СДС.
Денес продолжуваме со нови детали поврзани со овој тендер кој практично внимавајте се склучува во моментот кога државата има веќе друг активен тендер за уредување на патен појас, истакна портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Марија Митева.
Во продолжение ја пренесуваме прес конференцијата во целост:
Имено, во 2021 година „Македонија пат“ има склучено договор за косење на трева и дрва на патен појас со времетраење од две години. Тоа е почитувани овој договор кој потврдува дека важноста на договорот се уште не е истечена и рокот на исполнување е валиден до месец јули 2023-та година. Што значи, додека „Македонија пат“ има активен договор за реализирање на оваа работа, ЈПДП склучува нов договор со друга фирма вреден 2 милиони евра. Ова почитувани е типичен пример на криминал и корупција, тендери за задоволување на лични бизнис интереси и оштетување на буџетот без рационално трошење на народните пари.
Воедно, она што е дополнително скандалозно е разликата во цени која „Македонија пат“ ја има во договорот со цената во договорот на ЈПДП. „Македонија пат“ има склучено договор со друга фирма за 25 пати поевтини цени на услугата за косење на трева и дрва на патен појас од цената на ЈПДП чија вредност достигнува над 2 милиони евра.
Или, ако „Македонија пат“ обезбедила фирма да го направи сечењето на дрвата и косењето на тревата за 0,46 денари по м2, новата фирма од Кичево на тендерот на ЈПДП истата оваа услуга ја наплаќа 12 денари по м2. Односно, договорот на „Македонија пат“ кој е се уште важечки изнесува 1 милион евра за две години, а новиот договор на ЈПДП изнесува скоро 2,5 милиони евра. 1,5 милиони евра почитувани повеќе!
Ова е вистината која што се крие зад празната флоскула на ДУИ и СДС за европски фронт. Ова е нивната мантра – да цвета криминалот, да ја ограбуваат Македонија, тие да се богатат, а народот да осиромашува. Кога во Македонија нема пари за учебници, кога нема пари за лекови, криминалот цвета, а СДС и ДУИ се кријат зад фразата европски фронт.
Оваа власт почитувани нема ниту една европска вредност која ја применува, напротив секоја нивна постапка и чекор е во насока на уништување на Македонија.
Корупцијата тешка од 2 до 22 милиони евра се темелот на кој опстојува оваа криминална власт.
извор: ВМРО ДПМНЕ