Митева: Над 1000 вработувања на 4 месеци пред избори, Ковачевски да не се надева дека ова ќе го намали нивниот пораз

Власта не престанува да ги злоупотребува институциите и да ги користи како ресурс за предизборен поткуп. Над 1000 вработувања вкупно на само неколку месеци пред избори. Покрај 7 години манипулација и омаловажувања на народот, за крај им приредуваат тронка надеж преку уште едно лажно ветување, додека тие ги гледаат граѓаните само како гласачка машинерија, истакна портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Марија Митева.

Во продолжение ја пренесуваме прес конференцијата во целост:

500 вработувања само во ЕСМ и над 500 вработувања низ различни институции. Брутален поткуп и играње со чувствата на народот. Се дрзнуваат да го злоупотребат и нискиот животен стандард, сиромаштијата и маката на народот, само за глас повеќе, но не за да победат, туку за да го намалат изборниот пораз.

Замислете, толку години власт не направиле процена дека има недостаток на кадар туку баш сега, еве Државниот пазарен инспекторат вработуваат 29 лица. Тоа е институцијата која не успеа да воспостави ред и беше злоупотребувана за политички цели, го паметиме Ковачевски како ги проверуваше цените на лебот низ маркетите во придружба на директорот, додека цените вртоглаво растеа, а народот осиромашуваше. Понатаму, во Фондотот за здравствено осигурување предвиделе вработување на 61 лице. Тоа е институцијата која беше мета на хакерски напади со можност за злоупотреба на најдоверливите податоци на граѓаните. Исто така, ништо помалку во оваа тура вработувања не смее да биде ниту првиот вицепремиер Артан Груби каде во неговото министерство за политички систем предвиделе нови 15 вработувања. Се прашуваме дали овие лица физички ќе бидат ангажирани да работат во Министерството за политички систем, а ќе зимаат плата додека работат за нивните портали?
Понатаму Министерството за транспорт и врски ќе вработува 9 лица. Министерството кое што не успеа да заврши ниту еден проект, а не пак да започне некој нов. Се прашуваме дали Благој Бочварски ќе ги ангажира сите овие 9 лица само со надлежности за раскинување на договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид?

Власта го губи тлото под нозете, стравот од поразот кој ги чека е причина за ваквите потези. Додека зборуваат за реформи во јавната администрација на само 4 месеци пред избори вработуваат над 1000 лица. Нивниот начин на функионирање е и повеќе од јасен, криминал, корупција, притисоци и поткуп надевајќи се дека така ќе успеат да го намалат поразот на изборите. Но, треба да знаат дека манипулациите завршуваат, во Македонија никогаш не било полошо, затоа важно е да ги поразиме!

Извор: ВМРО ДПМНЕ