(ФОТО) ЦУК: Акцијата за спасување на две повредени лица кои излизгале со квад мороцикл заврши успешно

Од БППЗ Град Скопје известуваат дека акцијата за спасување на две повредени лица кои излизгале со квад мороцикл од патот над вилата Принц во правец кон с. Алдинци од нивна страна завршила успешно. На лице место било пратено едно возило со 4 пожарникари кои ги извлекле настраданите кои после тоа се проследени до здравствена установа. Екипата е вратена во базата во 21.35 часот.