Денес заедно со пратеници од македонското Собрание остваривме средба со Делегација од Република Австрија, предводена од Christian Sagartz, пратеник во Европскиот парламент, Patrik Fazekas и Johannez Mezgolits, пратеници од регионалното собрание, Бургенланд.
Разговаравме за повеќе теми кои во моментов се актуелни во Македонија.
Беше заклучено дека на Македонија и се неопходни промени со цел да започне да се движи во вистинска насока.
Се согласивме за продолжување и интензивирање на соработката, како и за соработка во областите кои се од интерес на градот, стои во ФБ објавата од градоначалникот Кирил Пецаков.