Млада скопјанка паднала од автобус на ЈСП, таа е тешко повредена

0
160

Дваесетгодишната Н.М. од Скопје се здобила со тешки телесни повреди, откако, според пријавата во полицијата, вчера на бул.„Христијан Тодоровски – Карпош“ се качила од задната врата во автобус на ЈСП Скопје и по придвижувањето на автобусот паднала на коловозот.

Повредите и биле констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

-На 25.03.2023 во 07.20 часот било пријавено дека во Скопје на бул.„Христијан Тодоровски – Карпош“ на автобуска постојка, Н.М.(20) се качила од задната врата во автобус на ЈСП Скопје, управуван од З.Н.(62) од Скопје, и откако автобусот се придвижил, паднала на коловозот. Таа се здобила со тешки телесни повреди констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

 

sitel.com