ВМРО ДПМНЕ: ЈО да отвори истрага Груби и Ковачевски промовираа надзор со цени и до 7 пати поскапи во споредба со други проекти

ЈО да отвори истрага Груби и Ковачевски промовираа надзор со цени и до 7 пати поскапи во споредба со други проекти.

Конзорциумот ИРД – ЕПТИСА – Електра Солушн – Евро Консалтинг за 4 лица за еден месец наплатил 900.000 евра, за составување на договорот со изведувачот на Коридорите 8 и 10Д. Четири лица ангажирани преку овој Конзорциум поединечно наплатиле по 225.000 евра за месец ефективна работа. Дополнително до крајот на проектот на истите 4 лица треба да им бидат префрлени уште по 75.000 евра по човек, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение на истото од партијата додаваат:

Цените кои се наведени за инженери и надзорници се и до 7 пати поголеми од тие кои се плаќани на други проекти. Најголемиот дел од парите ќе поминат преку Електра Солушн, фирма за производство на долна облека.

Оваа фирма, Електра Солушн, од вкупно 22 милиони евра ќе добие 8.3 милиони евра, а истата кога бил распишан јавниот повик за доставување на понуди за учество на тендерот воопшто немала ниту лиценца.

ЈО мора да отвори постапка и да утврди како фирма која немала ниту лиценца и произведувала долна облека, сега е главна фирма за надзор на проект тежок милијарди.

ЈО мора да утврди која е вистината зад Електра Солушн. Премногу е бледа приказната дека странски фирми за надзор ја контактирале за тендерот, кога таа воопшто не е од областа.

Дополнително уште по симптоматично е како истата се поврзува со фирми со руски врски кои го добиле првиот тендер, од каде има преземено и работници.

ЈО не смее да молчи. Очекуваме отворање на постапка, се друго ќе значи соучесништво.

извор: ВМРО ДПМНЕ