Германија во застој поради генералниот еднодневен штрајк

0
86

Генералниот еднодневен штрајк во транспортниот сектор во Германија целосно го парализираше железничкиот, воздушниот и поморскиот сообраќај.

Штрајкуваат членовите на синдикатот на вработените во јавниот сектор „Верди“ и синдикатот на железничарите. Штрајкот го зафати целиот меѓуградски железнички сообраќај, речиси целиот градски сообраќај и повеќето аеродроми. Штрајкот го опфаќа и водениот сообраќај во Германија и автопатиштата.

Синдикатите бараат повисоки плати, особено изедначување на негативниот ефект на инфлацијата врз реалните плати. Синдикатот „Верди“ бара зголемување од 10,5 отсто за своите 2,5 милиони вработени.

Во текот на денот низ Германија ќе се одржат над 50 протестни собири. Според синдикатот на железницата ЕВГ, повеќе од 30.000 вработени на околу 350 локации низ Германија штрајкувале од раните утрински часови.

 

nezavisen.mk