Организаторите на масакрот во Ваташа се осудени на смрт и погубени во Скопје, од како Бугарија ги уапсила и ексрадирала

Масакрот во селото Ваташа е една црна точка и тажен спомен на човечкото безумие, еден од нај тажните спомени на страдањето на Македонскиот народ во „Втората светска војна“, и потсетник низ што се Македонецот поминал за да стигне до слобода и своја држава. Но, тој масакр е еден од ретките за кои на одреден начин „правдата е задоволена“, одговорните се казнети, и сето тоа со помош на Бугарија, која ги уапсила своите воени лица и ги предала на тогашна Југославија, па така Народниот суд во НР Македонија ги осудил на смрт главните раководители и учесници во оваа акција: полковник Љубен Апостолов, капетан Борис Жеглов, поручник Костов и подофицер Петко Опреков.

АПСЕЊЕТО , СУДЕЊЕТО И ПОГУБУВАЊЕТО НА ЗЛОСТОРНИЦИТЕ ГО ОВОЗМОЖИЛА БУГАРИЈА

Полковникот Љубен Апостолов на судење во Скопје

Во тој повоен период очигледно е дека односите меѓу Социјалистичка Република Македонија која е дел од Југославија и Бугарија се одлични.

Полковникот Љубен Апостолов на 3 ноември 1944 година бил откриен од македонските емигранти во Софија и го привеле во штабот на македонската народноослободителна бригада “Гоце Делчев“. Од Софија е екстрадиран во Кавадарци.

По две години Народниот суд во НР Македонија ги осудил на смрт главните раководители и учесници во оваа акција: полковник Љубен Апостолов, капетан Борис Жеглов, поручник Костов и подофицер Петко Опреков. Пред тоа сите тие се предадени од новата влада на Бугарија на југословенските власти за судење како фашисти. Апостолов, кој бил командант на војската и ја издал наредбата за стрелање, тврдел дека не е виновен за ваташкиот масакр.

Тој бил суден за повеќе злодела и сите ги признал, но за ваташкиот масакр кажал дека добил листа со имиња, а на неа стоело дека младинците се партизани уапсени во шумата, а не собрани од нивните куќи. Раскажал и за улогата во настанот на четворица ваташанци-предавници, тројца мажи и една жена. Ова злодело извршено од бугарските фашисти, останува срамен белег кој вечно ќе биде поврзан со шестиот роденден на бугарскиот престолонаследник Симеон II.

Истата судбина ги снашла и полицискиот инспектор Димитар Раев и агентот учесник во овие настани, Борис Жуглов. Двајцата се осудени на смрт во Скопје и стрелани.[

Во извештајот на Мито Хаџивасилев до ЦК на КПМ од 5 јули 1943 во Кавадарци, меѓу другото дава јасна слика дека терор бил вршен и во претходни наврати од страна на бугарската војска кон невиното македонско население во Кавадаречко. Каде се палени куќи, плевни, во селата Шивец, Ресава, Ваташа, Праведник и други. Според овој извештај убиени се близу 50тина селани и дел интернирани. Сето, ова му го препишува на Љубен Апостолов.