Обвинителството отвори предмет по допрен глас за изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д

0
171

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори предмет за ангажирањето на надзорот од 22 милиони евра за изградба на автопатите од страна на конзорциумот Бехтел и Енка на коридорите 8 и 10д.

„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, следејќи ги информациите по медиумите поврзани со изградбата на автопатиштата, со цел да ги провери наводите што се изнесуваат во јавноста, отвори предмет по допрен глас. Предметот е распореден кај надлежен јавен обвинител, кој презема дејствија и ќе изврши проверки, по што ќе донесе јавнообвинителска одлука за понатамошниот тек на постапката“ соопшти ОЈО ГОКК.

Изборот на консултантот со неговите подизведувачи за 22 милиони евра извесен период отвораше теми на сомнеж кај медиумите, а премиерот Димитар Ковачевски неколкупати јавно ги повика и обвинителството и Државната комисија за спречување корупција да ги испитаат наводите.

За консултантот „ИРД инженеринг“ работат три фирми -: шпанската „Ептиса“ и двете домашни фирми „Електра Солушнс“ и „Евро консалтинг“.

Изградбата на автопатите треба да започне на 4 април.

извор: фактор