ЛЕГЕНДАРНИОТ Германски фудбалер Андреас Бреме (62) неочекувано се најде во центарот на вирална приказна во германските медиуми, а сето тоа поради честитката што ја снимил за еден свој обожавател. Имено, во еден момент камерата ја фати голата сопруга на Бреме за време на снимањето на честитката.
Легендарниот стопер кој го постигна победничкиот гол за Германија во финалето на Мундијалот против Аргентина во 1990 година (1:0) снимаше роденденска честитка за еден свој обожавател, а потоа слушна звук од десната страна. Го сврте погледот да види што се случува, но не застана на глетката. Ја сврте и камерата и ја сними својата сопруга Сузана Шадер (56) топлес.
Тој брзо ја врати камерата на себе и се преправаше дека ништо не се случило, но видеото стана вирално набргу откако Бреме го испрати. Кога германските медиуми го прашаа што мисли за оваа ситуација, тој само рече дека барем сега сите виделе дека има убава сопруга.
index.hr