Министерството за здравство и по една недела од смртта на девојчето, тврди дека се уште не се готови извештаите од обдукцијата и стручниот надзор. Родителите воопшто и не веруваат во системот, но велат одлучиле јавно да говорат за да не повторат вакви случаи, објави slobodnaevropa.mk.
Семејството, роднини, пријатели и револтирани граѓани под мотото „Правда за Јана“ денеска организираат протест во Битола на кој, како што велат, бараат да се дознае вистината од што почина шестгодишното девојче.
Организаторите на настанот во објавата на социјалните мрежи ги повикуваат граѓаните да се приклучат на протестот на кој како што се вели ќе порачаат дека е доста од нефункционалноста, партизацијата, лошите услови во здравствениот систем и префралњето на вината кај пациентите. Протест се најавува и во Скопје, пред Mинистерството за здравство.
Шестгодишната Јана почина на 22 март во битолската клиничка болница само неколку часа откако била примена со оток на очите, болки во грлото и нозете и повраќање. Нејзините родители се сомневаат дека девојчето не било соодветно третирано и велат дека и покрај покачениот шеќер во крвта, примало инфузија со гликоза по што шеќерот се покачил на 19.
Во интервју за ТВ Сител, Кристина и Стојче со потресно сведоштво раскажаа за денот кога ја изгубија нивната ќерка и голготата низ која минале.
„До влошување на ситуацијата на Јана дојде по истекување на половина од инфузијата. Дојде сестрата ја извадија инфузијата и Јана поврати обилно само вода и устата и посини. Тогаш докторката дојде со трчање и мереа шеќер кој беше 19,9“, изјави мајката на девојчето.
Како што објаснува мајката Кристина по ова Јана била преместена на одделението за полунитензивна нега на детското одделение.
„Прашував што е работата, а тие ме бркаа од внатре. Ми кажаа излезете од тука, работиме. Пациентот е во тешка состојба’. И правеа ЕКГ и и ставија уште една инфузија во прстот“, раскажа мајката.
Откако стигнале резултатите од крв земени венски докторката и кажала на Кристина дека се покачени мускулните ензими и дека мора да заминат итно за Скопје, бидејќи станувало збор за вирус кој можел да стигне до срцевиот мускул.
Во меѓувреме, како што раскажаа родителите девојчето веќе немало знаци на живот. Тие тврдат дека таа немала никакви заболувања претходно, но и дека некој од нив имал било какво заболување и се сомневаат на грешка во третманот.
Министерството за здравство уште го испитува случајот
Текстот во целост на: slobodnaevropa.mk