Најмалку 31 човек загинаа откако пожар го зафати траект со 250 патници, соопштија филипинските власти.
Првично беше соопштено дека загинале 12 лица, но подоцна беа пронајдени уште 18 беживотни тела во кабините на изгорениот траект.
Голем број патници скокнале од траектот поради пожарот, а беа извлечени од припадници на крајбрежната стража, на морнарицата, од друг траект и од локален рибар.
#Basilan #Philippines🇵🇭- A fire has erupted onboard the M/V LADY MARY JOY 3 ship at the waters off #BalukBaluk Island in #HadjiMuhtamad, casualties also reported, as Philippine Coast Guard response underway pic.twitter.com/bCKAMx0wTj
— CyclistAnons🚲 (@CyclistAnons) March 30, 2023
Меѓу загинатите има и три деца, а најмалку 23 патници се повредени и пренесени во болници.
Филипинските власти соопштија дека поголемиот број од жртвите се удавиле, а подоцна нивните тела биле пронајдени во море.
slobodenpecat.mk