Почина Горан Ѓошев, доктор од академијата на ФФМ

Ненадејно почина Горан Ѓошев, вработен во Фудбалската Федерација на Македонија, како медицинско лице и воедно задолжен за децата кои престојуваат во Академијата.

Ѓошев беше неизбежен дел од генерации македонски фудбалери, како техничко медицинско лице водејќи ја грижата за здравјето на голем број млади фудбалери кои минувале низ академиите на фудбалската федерација.

Како медицинско лице дел од многу генерации младински репрезентации изминатиот период сведок на многу успеси и победи.

vreme.mk