Изгаснат шумски пожар над тетовско Џепчиште

0
212

Повеќе од еден час гореше па беше изгаснат шумски пожар на Шар Планина, во пределот над селото Џепчиште, што беше видливо од поголем дел во градот Тетово.

Од Територијална противпожарна единица информираа дека по пријавата нивните екипи интервенираа да се изгаси пожарот.

-Околу 15 часот шумски пожар над Џепчиште беше пријавен, по што интервенираа две возила на Територијална противпожарна единица Тетово со четворица пожарникари. Пожарот беше изгаснат за околу час и половина, информираше Авни Амети командир на ТППЕ Тетово.

извор: ТППЕ Тетово