Родена е без екстремитети, родителите ја напуштиле како бебе, денес таа е инспирација за многумина

Шминкерката Гејб Адамс-Витли инспирира многумина со нејзините видеа на социјалните мрежи. Гејб има Ханхарт синдром, ретко пореметување придружено со различен степен на говорно оштетување и недостиг на прсти на рацете и нозете. Гејб, која неодамна им откри на своите следбеници дека е трансродова, нема раце и нозе.

Поради нејзината болест, родителите ја напуштиле кога имала само девет месеци, пишува Унилад. За среќа, не долго после тоа, Гејб беше посвоен од семејство од Јута. Така, инфлуенсерот порасна со уште 13 браќа и сестри.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gabe Adams-Wheatley (@no_limbs_)

Таа сега има 22 години, а основната занимација и се социјалните мрежи. Таа има 184.000 следбеници на Инстаграм, додека повеќе од четири милиони корисници на социјалната мрежа ја следат на ТикТок. Таа стана популарна благодарение на веселите туторијали за шминкање и бројните видеа во кои на следбениците им покажува како се шминка и се подготвува да излезе од дома.

 

 

index.hr