Како што се најавува, во СРЦ „Јане Сандански“ – Скопје, на 8 и 9 април ќе се организира Г1 Интернационалниот таеквондо турнир „Скопје опен 2023“.
Ова е елитно таеквондо натпреварување со олимписки дух за првпат во Македонија. Г1 турнир кој носи бодови за остварување олимписка норма.
Се повикуваат фановите да дојдат во поголем број особено на 9 април (недела) со почеток од 09.00 часот кога нашиот најдобар таеквондист Дејан Георгиевски (категорија +87 кг) кој собира бодови за учество на следните Летни олимписки игри 2024 Париз.
Георгиевски ќе се бори за нови олимписки бодови против елитни борци од Јордан, Турција, Кина, Хрватска, Грција.
На овој турнир ќе има голем број олимписки, светски и континентални медалисти од целиот свет, генерално станува збор за елитно олимписко натпреварување кое е вистинска реткост во нашата земја.
slobodenpecat.mk