На патот кон Крушево удир на полициско возило и „пасат“ – повредени шест лица

Вечра во 18.00 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп – Крушево, во близина на место викано „Бегова ливада“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со шведски национални ознаки, управувано од Р.Т.(45) од Прилеп, и патничко возило „ланд ровер“, сопственост на Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Р.Т., а со телесни повреди се здобиле возачот на полициското возило и уште четворица негови сопатници, сите вработени во МВР, констатирани во Градската болница Прилеп.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Извор: Република