Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (86) е на интензивна нега во болница во Милано, изјави денеска неименуван политички извор за „Ројтерс“.
Тајкунот, кој четирипати беше премиер на Италија во последните години, во неколку наврати беше во лоша здравствена состојба и минатата недела беше пуштен од болница.
Берлускони имаше голема операција на срцето во 2016 година, а исто така имаше и рак на простата.
Тој беше хоспитализиран неколкупати во изминатите неколку години откако се зарази со коронавирусот во 2020 година.
Италијанската агенција АГИ јавува дека Берлускони е на одделението за срцева интензивна нега.
fokus.mk