Тепачка за поевтино пилешко месо, стоење во редови 4 часа за чоколадо од 25 денари, грабање за поевтини банани, борба за поевтин шеќер се само некои од сцените во Лидл во Србија во последно време.
Утрово безбедносните камери забележале нова ситуација во Лидл во Лесковац, каде купувачите се разграбале за свинско месо од 200 денари и направиле вистински хаос.
„Работата е што не само што беше поевтино, туку беше ограничено да може да се земат само 3 килограми. Оваа слика е тажна“, искоментирал еден потрошувач.
На видеото, покрај општиот грабеж за евтино месо, може да се видат и сцени како купувачите меѓу себе се туркаат со чадори.
tocka.mk