(ФОТО) Македонска заедниц во Турција, 1200 македонци на ифтар во Измир

5 април 2023 година, Измир, Турција – Во организација на Здружението за култура и солидарност на македонските иселеници од Измир, на 2 април беше организиран ифтар на кој присуствуваа околу 1.200 Македонци.
На вечерата меѓу Македонците присуствуваше и градоначалникот на Каршијака, д-р Џемил Тугај.
Здружението за култура и солидарност на македонските иселеници од Измир упати искрена благодарност до сите кои присуствуваа на ифтар и се молеа пред Бога за рамазанските пости.
Претседателот на здружението за култура и солидарност на македонските иселеници од Измир изрази благодарност за присуството на ифтар на градоначалникот на Каршијака – Џемил Тугај и неговите соработници од општинската администрација, како и до претседателот на огранокот на здружението во Тургутлу – Ерџан Оздуман, претседателот на збратименото здружение Рубалмак – Исмаил Кашалар, претседателот на здружението на Тракијците – Бахатин К’л’ч, претседателот на Солунското здружение – Атиф Сакарја Борнова, кандидатот за окружен пратеник на Републиканската народна партија – Зекерија Мутлу, претседателот на групацијата хотели “Тахтал’ Тахтал’“ – Мехмет Али, претседателот на млечниот ресторан “Рамо манд’ра“ – Неџдет Кахраманлар, претседателот на Републиканската народна партија за округот Каршијака – Рафет Јаџан, пратеникот во парламентот – Џемал Чалишкан, и окружната администрација на Републиканската народна партија за Каршијака.
Присутните ги поздрави претседателот на Здружението за култура и солидарност на македонските иселеници од Измир – Кадри Алт’нкалп.
Со македонски и турски народни песни, присутните имаа прекрасна и незаборавна вечер.
На здравје ифтарот.
foto FB Todor Petrov