Турција: Три лица загинаа, а 19 се повредени при превртување на патнички автобус во Кајсери

Најмалку три лица загинаа, а 19 се повредени во сообраќајна несреќа во Кајсери, Туркије, јавува Анадолу.

Патничкиот автобус се преврте во подрачјето на Пинарбаши, а меѓу загинатите има и дете.

Несреќата се случила кога возачот на патнички автобус на општина Багџилар во Истанбул изгубил контрола над возилото.

На местото на несреќата се пратени голем број амбулантни возила, пожарникари и полициски екипи.

Повредените со возила на брза помош се пренесени во болниците во Кајсери, Пинарбаши и Сариз.

извор:Анадолу.

фото:Анадолу.