Ковачевски: Фабриката за електрични возила во Тетово нема добиено државна помош и нема да добијат додека не почнат со активности

0
133

Премиерот Димитар Ковачевски, изјави дека фабриката за електрични возила во зоната во Тетово, согласно со договорот нема добиено ништо како државна помош. Ковачевски додаде дека фабракита нема ни да добие помош додека не почнат со активности.

Фабриката Е-ГО која потпиша договор за изградба на фабрика во Слободната економска зона во Тетово има одредени барања во делот на парцелата со оглед на начинот на кој го организираат производството и затоа беа правени урбанистички промени, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање зошто доцни изградбата на фабриката.

Тој изјави дека немаат добиено ништо како државна помош, затоа што немале почнато со градежни работи, ниту со пробно производство.

Државната помош кај нас се добива скалесто и е поврзана со реализација на проект, вели Ковачевски.

фото: Архива