И по две недели од смртта на Јана, сеуште ги нема резултатите од обдукцијата

0
120

Поминаа две недели од смртта на 6 годишната Јана која почина во болницата во Битола, но се уште се чекаат резултатите од обдукцијата. Министерот за здравство, Фатмир Меџити, вели дека чекаат Обвинителството за кратко време да го побара извештајот.

„Го чекам резултатот од аутопсијата, тоа не зависи од нас, зависи од Судска медицина. За кратко време обвинителството треба да го побара извештајот и потоа ќе го достават“, вели Фатмир Меџити.

Родителите на девојчето потресени од загубата, на прашање од лекарите дали сакаат обдукција, одговориле потврдно. Тие рекле дека се сомневаат во пропуст при лекувањето на нивната ќерка.

По Санитарната и здравствена инспекција од МЗ соопштија дека Комисијата за стручен надзор не констатирала пропуст во лекувањето на 6 годишната Јана. Од МЗ велат дека според анамнезата, излегува дека Јана била заразена со Ковид 19, пред 6 месеци.

„Од анамнезата има податоци дека таа била заразена со Ковид пред 6 месеци. По лабораториските анализи, наодите покажале инфламаторна реакција со покачени вредност на креатин киназа и креатин киназа МБ, во рамки на вирусна инфекција која влијае на срцевиот мускул со покачена вредност на ензимот кардио-тропон“, велат од МЗ.

Инаку 6-годишната Јана почина на 22 март по примањето инфузија во Клиничката болница во Битола. Според изјавите на родителите, шеќерот и се покачил од 9 на 19 по што состојбата се влошила што довело до смрт на малото девојче.

 

тв21