Вечер.мк: Новата видеолотарија ќе ја контролира АРТАН ГРУБИ и контроверзниот австриец Петер Пулер

0
300

АД Државна лотарија на Република Северна Македонија вчера регистрираше уште една компанија, во која овој пат косопственик е австрискиот гигант за приредување игри на среќа ХТЛ, дознава „Фактор“. „ХТЛ Македонија“ е фирма-ќерка на Новоматик и ги поседува Мастербет и МА Гаминг во земјата. Новоматик директно го поседува гевгелиското казино коцкарница Макотен.

Новата фирма на АД Државна лотарија и „ХТЛ Македонија“ се вика Нова државна видео лотарија – Ново ВЛТ Доо Скопје и според името може да се заклучи дека дејноста ќе се концентрира на ВЛТ апарати.

Во моментов не е познато како се распоредени уделите, бидејќи станува збор за друштво со ограничена одговорност, а според регистрацијата може да се види дека вкупната основна главнина е 10 милиони евра и дека друштвото е регистрирано на адресата на седиштето на ХТЛ Македонија.

Имено, според информациите на Вечер.мк Ванчо Зунзуровски е назначен за управеител, а за членови на надзорниот одбор се поставени Перпарим Бајрами, Артих Спахију, Сашо Богдановски, Ленче Петреска, и Омер Буњаку.

Перпарим Бајрами е му е другар на Артан Груби и е дел од неговиот тим контра Огнените во ДУИ.

Од австриска сграна во новата компанија ќе влезе контроверзниот лик Петер Пулер, познат е од светот на ПР кампањи, а од 2018 година работењше на изборните кампањи на СДСМ.

ФотоИлустрациа