СМК со честитка до ромската заедница во Македонија по повод Меѓународниот ден на Ромите

0
154
8 април 2023 година, Скопје, Македонија – Светскиот Македонски Конгрес (СМК) упатува искрени честитки до Ромската заедница во Македонија по повод 8 април – Меѓународниот ден на Ромите.
СМК повикува на почитување на достоинството, правата и еднаквоста на Ромите во Македонија, а од власта очекува подобрување на условите за живот и работа на Ромите.
СМК смета дека државата и меѓународната заедница треба да ја унапредат едукацијата и овозможат квалитетна еманципација и општествена интеграција на Ромите во државата Македонија.
СМК