Исчезнале две девојчиња од СОС Детско село

0
178

Министерството за внатрешни работи информира дека две седумнаесетгодишни девојчиња се пријавени за исчезнати, откако го напуштиле СОС Детско село.

-Вчера во 00.30 часот во СВР Скопје, од СОС Детско Село пријавиле дека од домот се оддалечиле корисничките К.А.(17) и А.Ѓ.(17), велат од МВР.

Полицијата работи на нивно пронаоѓање.

Неодамна имаше случај каде две девојчиња исчезнаа во Чаир, но подоцна беа пронајдени.

Извор: МВР