Девојче во петто одделение од Прилеп е најдобриот пишувач на есеи на англиски во светот

Петтоодделенката Софија Златареска од ООУ „Климент Охридски“ од Прилеп го освои првото место во светот на меѓународниот натпревар или уште како што се нарекува Олимпијадата за англиски јазик, Hippo, во новоформираната категорија за пишување на есеи, објави Сител телевизија.

Ученичката вели дека отсекогаш го сакала англискиот јазик, а ова не и било прв пат да биде учесник на Hippo, но за прв пат освојува награда.

Таа додава дека првата година кога учествувала, не влегла во полуфинале само за пола поен.

„Иако се чувствував тажно, сепак зедов храброст и реков дека додека не успеам нема да престанам да учествувам. Оваа година пак учествував во натпреварот Хипо и пак не влегов во полуфинале за 1.5 бода. Пак бев малку тажна, но кога дознав дека сум прво место за есеи, сепак бев среќна“, рече Софија Златареска.

 

sitel.mk