(ВИДЕО) Арнолд Шварценегер сам ја поправи дупката бидејќи му здодеа да чека поправка

Актерот Арнолд Шварценегер ја презеде работата во свои раце откако му здодеа од неактивноста во неговото соседство и ја поправи дупката што му правеше проблеми нему и на неговите соседи.

„Откако целото маало се вознемири поради оваа огромна дупка на патот што со недели уништува автомобили и велосипеди, денеска излегов со мојот тим и го поправив. Секогаш велам да не се жалиме, ајде да направиме нешто околу тоа“, напиша 75-годишниот поранешен гувернер на Калифорнија на Твитер каде објави видео од него како поправа пат.

Луѓето го пофалија актерот и поранешен бодибилдер што ги засука ракавите и сам си ја заврши работата. „Обожавам да го гледам, екс-гувернер ги поправа дупките“, „Навистина ми се допаѓа ова! Ова е хит“, „Ми се допаѓа ова! Да преземам акција во вашата заедница!“, „Дојди со мене ако сакаш да асфалтираш“, беа само дел од коментарите на фановите на Шварценегер.

 

index.hr