13 април 2023 година, Солун, Беломорскиот дел на Македонија – Денес на Велики Четврток, во С’ботско (Аридеа) за првпат се одржа божествена литургија во Македонската православна црква “Света Злата Мегленска” во новиот простор на црквата!
На оваа историска богослужба присуствуваа Македонци од сите делови на Македонија.
На Божествената литургија чиноначалствуваше Неговото Високопреподобие отец Никодим Царкњас, Архимандрит Мегленски.
Утрински богослужби од 7.30 до 11.00 часот и вечерни богослужби од 19.00 часот по локално време, ќе се одржат и на Велик Петок и Велика Сабота.
Христ воскресе, навистина воскресе!
За многаја лета Оче Никодиме. Амин Боже литургијата.
Тодор Петров ФБ