Поради временските услови одложено лансирањето на првиот набљудувачки сателит од турско производство

0
128

Лансирањето на првиот сателит за набљудување на Земјата со висока резолуција од турско производство е одложено денес поради неповолните временски услови, јавува Анадолу.

Пионерскиот сателит од турско производство, ИМЕЏЕ, беше планирано да биде лансиран во вселената рано утрово од воздухопловната база Ванденберг во американската сојузна држава Калифорнија.

Откако ќе биде лансиран во орбитата, сателитот ИМЕЏЕ ќе служи во областите на одбраната, управувањето со катастрофи, животната средина и урбанизацијата, земјоделството и шумарството.

извор: Анадолу.

фото: Анадолу.