Во село во Полска сите жители живеат на една улица

0
199

На социјалните мрежи деновиве се шири ФОТО од село во Полска. Станува збор за Сулошова, каде што сите жители живеат на една улица.

 

Сулошова се наоѓа на 29 километри северозападно од градот Краков. Улицата околу која е групирано селото е една од најдолгите улици во Полска и се протега на приближно 9 километри.

Селото има 6.000 жители

„6.000 луѓе живеат во Сулошов, Полска на една улица“, напиша зачудено еден корисник на Твитер. Посебно внимание привлекоа фотографиите на Сулозова направени од птичја перспектива.

 

Една таква фотографија е направена во 2019 година од Светската урбана организација. Во преден план е многу долга улица околу која се групирани куќите.

 

Ова село е поврзано и со познатите атракции, вклучувајќи го и Националниот парк Ојцовски и карпата наречена Пиескова Скала, која е најпозната по својот ренесансен замок.

 

index.hr