(ВИДЕО) Во Ерусалим запален Благодатниот оган

0
229

Преку зрак светлина од небото чудотворно се создаде оган. Христијаните веруваат дека ова чудо се случува секоја година.

Денеска напладне во Базиликата на Светиот Гроб во стариот град на Ерусалим, државата Израел се одржа церемонијата „преземање на Благодатниот оган во Ерусалим”, на која за прв пат свое учество има македонско-црковна делегација предводена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, директорот на Државната комисија за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, како и шефот на делегацијата на Македонската православна црква – Митрополит тетовски-гостиварски, Јосиф Тодоровски.