Ребека проговори за здравствените проблеми со кои се соочува

Ребека Јанковска Ристески е доста активна на социјалните мрежи, каде често споделува работи поврзани и со нејзиниот приватен живот и напредокот на нејзините деца.

 

Освен тоа таа знае и да го каже јавно своето мислење за актуелните случувања во државата и секогаш гласно зборува за проблемите со кои се соочуваат граѓаните и децата.

Нејзина најголема поддршка во сѐ е нејзиниот сопруг, докторот Милан Ристески.

Милан инаку работи како менаџер на Универзитетската клиника за онкологија и радиотерапија во Скопје. Како специјалист работи 11 години, како вработен од 2002, значи зад себе има скоро 20 години завидна кариера.

Ребека и Мики се долги години во брак и заедно успешно ги надминуваат сите препреки кои им ги дава животот.

 

Плод на нивната љубов се nивните три деца: Маркијан, роден во 2006 година, и близнаците Макариј и Доротеј, родени во 2013 година.

Ребека отсекогаш важела за една од најубавите жени на естрадата. Секогаш е средена од глава до пети и вложува максимално во својот изглед.

Витката линија ја одржува со редовни тренинзи, но поради несреќата која ја доживеала била спречена да вежба.

Ребека раскажа за несреќата која ја доживеала откако паднала по скали и откри дека процесот на заздравување одел бавно.

 

 

glamur.mk