(ФОТО) Веселба во куќата на Цеца за раѓањето на внукот Крстан

Семејството н фолк-кралицата Цеца Ражнатовиќ вчера цела вечер го славеше раѓањето на малиот Крстан, а на прославата можеа да се видат голем број познати личности од светот на естрадата кои се собраа во вилата на Цеца.

Нејзиниот син Вељко Ражнатовиќ не жалеше пари па заедно со своето семејство организираше прослава за која уште долго време ќе се зборува.

Целата вила беше луксузно украсена, каде на младиот боксер семејството и пријателите му ја скинаа маицата.

Покрај Вељко меѓу највеселите беше и неговата мајка Цеца која е пресреќна што се роди малиот Крстан и тоа токму на роденденот на нејзиниот починат сопруг, што посебно ја израдува познатата пејачка.

„Речиси 4200 г, 54 долг. Убав, силен, најубав! Како можам да се чувствувам, можам да полетам. Пресреќна сум, ова е благослов од Господ. На денешен ден е и роденден на мојот починат сопруг, денес е Крстан. Нека му е на здравје, на среќа. Втор ден од Велигден. Се што можеше убаво да се случи, се случи“, изјави Цеца за медиумите и додаде дека Богдана е супер по породувањето.

Потсетуваме Вељко и Богдана веќе имаат еден син, Жељко, кој го доби името по неговиот починат татко, Жељко Ражнатовиќ.

 

glamur.mk