Американскиот бизнис магазин „Форбс“ пишува за одлуката на тајванската компанија „Јагео“ да инвестира 205 милиони евра во Северна Македонија.
„Форбс“ наведува дека „Јагео“ која, меѓу другото, произведува електронски делови и за „Епл“, планира преку Северна Македонија да го проширува својот бизнис во Европа.
Гринфилд инвестицијата на „Јагео“ во Северна Македонија, земја од централна Европа со население под два милиона, се очекува да отвори 3.900 нови работни места во погони со седиште во Технолошко индустриските развојни зони во Скопје и во Штип. Американскиот производител на електонска опрема „Кемет“, кој беше купен од „Јагео“ за 1,8 милијарди долари во 2020 година, веќе управува со две фабрики и центар за истражување и развој во Северна Македонија, посочува „Форбс“.
Производствените погони на „Јагео“ ќе бидат лоцирани во ТИРЗ Скопје и во ТИРЗ Штип, а ќе отворат околу 4.000 нови работни места.
– Одржувавме долгорочни деловни партнерства со Северна Македонија главно за производство на кондензатори за електрични возила, изјави основачот и претседавач на „Јагео“ Пјер Чен по објавувањето на договорот за инвестирање.
Тој ја пофали стратешката географска положба на земјата, стабилната монетарна политика, поволното даночно опкружување и конкурентните трошоци за работна сила.
– Северна Македонија е идеална локација за Јагео Груп да продолжи да ги шири своите деловни активности во Европа, ја пренесува „Форбс“ изјавата на Чен.
Договорот за инвестицијата вредна 205 милиони евра, која треба да отвори околу 4 000 нови вработувања, вчера во Тајпеј ја потпишаа директорот на Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) Јован Деспотовски и менаџментот на конзорциумот „Јагео”.
nezavisen.mk