Вулканот Семеру во индонезиската покраина Источна Јава започна да исфрла пепел, пренесува Анадолу.
Сигит Риан Алфиан, официјално лице на станицата за надзор на вулканот Семеру, рече дека вулканот, на кој денес се случиле 16 ерупции, започнал да исфрла големи количества пепел во околината, особено на североисток.
Алфиан изјави дека секоја вулканска ерупција, придружена со експлозија, траела меѓу 81 и 110 секунди.
Власта го предупреди населението во регионот да биде внимателно поради активностите на Семеру.
Од ерупцијата на вулканот Семеру во 2021 година смртно настрадаа 34 лица.
Во опасниот вулкански појас наречен „Пацифичкиот огнен прстен“, Индонезија има околу 130 активни вулкани.