Демонстрантите на денешниот, десетти по ред, протест против францускиот предлог донесоа мисирка, и како што рекоа тоа е „ќурка“ за премиерот Димитар Ковачевски. Потоа мисирката врзана на автомобил ја однесоа и пред Собрание, објави slobodnaevropa.mk.
На денешниот протестен марш, демонстранти изведоа и перформанс пред МНР. Пред Министерството беше истакнато пано на кое пишува „предавници“ и на кое се гледаат ликовите на премиерот Ковачевски и министрите за надворешни работи Бујар Османи и за евроинтеграции Бојан Маричиќ. Пред паното на биро тројца луѓе со маски со ликовите на премиерот и министрите го потпишуваа „францускиот предлог“. Потоа тие ги тргнаа маските и се појавија маските со бугарското знаме.
Демонстрантите на денешниот, десетти по ред, протест против францускиот предлог донесоа мисирка, и како што рекоа тоа е „ќурка“ за премиерот Димитар Ковачевски. Потоа мисирката врзана на автомобил ја однесоа и пред Собрание.
И вечерва демонстрантите од пред Влада се упатија кон зградата на Министерството за надворешни работи, а оттаму пред Собрание. Пред законодавниот дом се одржуваат говори.
извор: slobodnaevropa.mk.
фото: slobodnaevropa.mk.