Специјалци го тресат во затворот „Идризово“

Претреси од специјалната едница на МВР попладнево се прават во затворот „Идризово“, јави Телевизија 24.

Според информацијата, од страна на специјалците се блокирани сите влезови и излези на полуотвореното и отвореното одделение, односно новиот дел на затворот. Претресот е во тек, но според информациите од терен станува збор за рутинска проверка на затворот.

извор: Телевизија 24.