Новогодишни пакетчиња за радост на најмладите

Со цел да ги разубават новогодишните и божиќните празници на најмладите, градоначалникот Кирил Пецаков, претседателот на Советот на Општина Охрид, Сашо Донев и секретарот на Општина Охрид, Александар Китески, денеска поделија вкупно 300 новогодишни пакетчиња.

Новогодишни пакетчиња беа поделени во Дневниот центар „Зраци“, новоотворената игротека за деца со цребрална парализа „Радост“, посебната паралелка во ООУ „Свети Климент Охридски“ и Дневниот центар „Доброљубие“ во црквата „Свети Ѓорѓија“.  Новогодишни пакетчиња добија и дечињата при здружението „Ретко е да си редок“, дечињата во здружението „Тајните на моето срце“, дечињата од центрите на здружението „Во мојот свет“, како и на дечињата кои се лекуваат во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ и во Општата Болница во Охрид.

 

општина Охрид