Хрватскиот портал Даница пишува дека се вратени 4 прати од Македонија наменети за хрватскиот пазар полни со пестициди. До овие бројки дошле откако навреме реагирале од хрватската агенција за храна. Целото овошје и зеленчук било стопирано уште на самата граница каде не било дозволен влез во Хрватска.
На прво место според овој портал се наоѓа Турција, додека ние го држиме второто место. Како штетни била идентифукувана мешаната салата, морковот и пиперките. Хрватскиот портали ги предуппредува читателите да бидат внимателни со купувањето и да обврнат внимание ако производите доаѓаат од тие земји кои се набројани.
Како еден од најштетните пестициди се наведува klorpirifosu кој се пронајден дури во 13 пратки на овошје и зеленчук, па после него следуваат fosmet, fenamifos i formetanat. Кlorpirifosu е забранет во земјите на ЕУ од причина што предизвикува генотоксичен потенцијал и многу здравствени студии покажале дека може да влијае врз невролошкиот развој на децата.
Го поврзуваат со порметување во развојот на мозкот, хиперактивност како и стопирање во развојот на растот, намалена концентрација и интелегенција.
Ако хрватите ни ги враќаат нашите пратки со доказ дека се полни со пестициди тогаш логично се поставува со прашањето какво овошје и зеленчук јадеме ние тука во Македонија!?