Откажан летот со кој требаше да се вратат 11 македонски градежни работници

Единаесетмина градежни работници од Македонија, кои успеале да заминат од палестинската област Рамалах на Западниот Брег, се заглавени во Тел Авив, откако денешниот лет во 12.50 часот со компанијата „Туркиш ерлајнс“ за Истанбул бил откажан, објави Тв 24.

Работници добиле уверување дека се прават максимални напори овие и други наши државјани да полетаат од Тел Авив в петок. И амбасадорот и министерот за надворешни работи Бујар Османи ги уверувал дека се безбедни.

Владата во меѓувреме се обидува да обезбеди чартер лет и за овие и за уште многумина кои се наоѓаат среде воена состојба во Израел.

За овие 6 дена откако Хамас од појасот Газа почна да напаѓа цивилни цели во Израел, 40 македонски граѓани успеале да се вратат дома, а според МНР утринава уште дваесет граѓани се префрлени на безбедно во Тел Авив каде ќе чекаат за евакуација.

Најголем дел од странските авиокомпании ги откажаа летовите од и до Тел Авив од безбедносни причини. Хамас секојдневно го гаѓа меѓународниот аеродром „Бен Гурион“ со ракети. Аеродромот е под напади и вечерва.

 

извор: Тв 24

фото:

AP News