Во текот на ноќта недела кон понеделник, како и во понеделник, во Македонија и тоа поради спуштање на студен и влажен воздушен бран од север, очекуваме врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините, особено во западните и во северните предели од државава.
Напоменуваме дека снежната граница накратко би можела да се спушти и на повисоките населени места(под 1000 метри надморска височина).
Сето ова ќе биде проследено и со засилен ветер од северен правец, а температурите накратко позначително ќе опаднат.
Сепак, после оваа промена, од вторник ни се враќаат пролетните температури на воздухот, но променливото време продолжува.
Деталн анализа околу ова очекувајте во следните наши метео објави (многу наскоро), најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.