Топлотниот Африкански бран во следните денови ќе зема замав во Македонија и во регионот. Токму ова, особено за време на викендот ќе предизвика повторно да имаме екстремно топло време кога во централните и во југоисточните предели од Македонија, како и во Скопската котлина очекуваме температури и до 40, 41 степен.
Ув индексот останува многу висок со вредност 8, а повремено ќе засилува ветерот од северен правец, особено Долж Повардарието.
Температури од околу, па и од над 40 степени во следните денови очекува и регионот, што значи дека целиот Балкански Полуосторв ќе биде под влијание на овој екстремно топол Африкански бран.
Според моменталните прогностични материјали со кои располагаме, овој топлотен бран од Африка ќе се задржи и следната седмица, пишува метеопрогнозерот Славчо Попоски.