Трагедија во Србија: 4-годишно дете почина – во градинка голтнало лампион од новогодишната елка

Трагедија се случи во Ниш, јавуваат српските медиуми. 4-годишно дете во понеделникот било итно пренесено во Брза Помош од градинката „Пчелка“ каде се случувала вистинска драма, според сведоци. Детето голтнало лампион кој го земало од новогодишната елка во градинката. Заглавено му било во душникот, а учителките веднаш викнале Брза Помош. Во амбулантното возило детето веќе паднало во бесознание, и докторите влегле во Ургентниот центар трчајќи, носејќи го на раце со паднати раце и нозе, „буквално како мало маче“, сведочат медицинските сетри.

Малиот лампион му била брзо извадена од душникот, ставен е на интензивна нега, но и покрај сите медицински напори, за жал во текот на ноќта детето починало. Телото му е дадено на обдукција.

Деталите се уште се утврдуваат од надлежните институции. А во градинката најавено е дека влегува и инспекција.

извор: Телма