Мотоциклист тешко повреден откако „голф“ удрил во него, возачот побегнал

0
231

„Голф“ со којшто управувал 25-годишен кавадарчанец се судрил со мотор марка „бмв“ со којшто управувал педесет и седумгодишен кавадарчанец.

Возачот на „голфот“ првично избегал од местотот на несреќата, но бил најден

На 22.04.2023 во 14.50 часот било пријавено дека во Кавадарци на ул. „7-ми Септември“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу моторцикл “бмв“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од В.К.(57) од Кавадарци и патничко моторно возило “голф“ со кавадаречки регистарски ознаки управувано од М.М.(25) од Кавадарци, кое го напуштило местото на настанот, но по преземени мерки било пронајдено од страна на полициски службеници. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот, констатирани во Општата болница Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци, соопштија од МВР.

Извор: МВР